1 од 7

Medea Crystals

Amethyst Star Macrame Necklace

Amethyst Star Macrame Necklace

Редовна цена ден 1,400.00 MKD
Редовна цена ден 2,000.00 MKD Продажна цена ден 1,400.00 MKD
Продажба Продадено
Количина

За изработка на овој продукт како и за сите останати продукти е битно да се напомене дека Medea Crystals користи посебна умешност каде не се користат никакви додатоци: игли, лепила итн. Само конец и раце и ништо друго, а со тоа овозможува самиот продукт да не смета на кожата, да не гребе и да е пријатен при самото носење.

Amethyst Star Macrame Necklace e рачно-изработен ѓердан со Макраме техника на плетење. Вметнатиот кристал се нарекува Аметист.

Античките Грци го нарекувале виолетов камен и верувале дека Аметистот има магична моќ да го чо чува умот трезен и да го заштити човекот од пијанството. Грчкиот збор amethystos буквално значи „неопиен“ (a- = „не“, methystos = „пијан“). Има некаква поврзаност, зарем не? Благородниците често пиеле вино од чаши направени од аметист или украсени со него, мислејќи дека така нема да се напијат премногу.Од тогаш до денес се пронајдени уште многу својства па ајде да ги разгледаме.

💓 Како помага на физичко ниво?

  • Смирување на нервниот систем – помага при стрес, напнатост и физичка исцрпеност.
  • Намалување на главоболки и мигрени – кога се поставува на челото или слепоочниците.
  • Подоување на квалитетот на спиењето – олеснува несоница и ноќна анксиозност.
  • Поддршка на имунолошкиот систем – симболично „прочистува“ телото од токсини.
  • Детоксикација – се смета дека помага при прочистување на крвта и телесните течности.

🧠 Како помага на ментално ниво?

  • Намалување на менталната напнатост и замор.
  • Подобрување на концентрацијата и меморијата.
  • Намалување на негативните мисли и анксиозност.
  • Ослободување од зависности – алкохол, никотин, лоши навики; се верува дека дава сила на волјата.
  • Поттикнување на рационално и смирено размислување – особено во моменти на стрес или емоционална збунетост.

🙏 Како помага на духовно ниво?

  • Отворање и активирање на третото око (Ajna) и крунската чакра (Sahasrara).
  • Продлабочување на медитацијата и интуицијата.
  • Поврзување со духовните водичи и повисокото Јас.
  • Заштита од негативни енергии и психички влијанија.
  • Донесување внатрешен мир, доверба и духовна јасност.

💧 Како се чисти?

Го закопувате во земја (пр. во саксија) една ноќ бидејќи земјата е најдобриот прочистувач на енергијата. Потоа можете да го измиете со вода и по желба да запалите темјан. Ако е накит: слободно обвијте го продуктот во тоалетна хартија и закопајте го во земја и поминете го истиот процес.

⏾ Како се полни?

Аметистот се полни на лунарна енергија 2 до 4 часа. Го ставате на некое место каде што продира зракот на месечината.

🪬 Кога кристалот станува ваш?

Кристалите се природни. Кристалите како и се што е природно на планетата Земја има своја внатрешност и своја надворешност. Секој драгоцен камен има моќ да прима и испушта енергија. Додека не го исчистите и наполните кристалот, тој сушстински не е ваш! Многу е битно тоа да ви биде првата задача откога ќе го добиете.

Не е доволно само надворешно да се исчисти кристалот. Многу е важно освен физичка, да посветиме ментална и духовна енергија и да веруваме дека тој кристал ќе биде исчистен.

Ова е мојот омилен дел при програмирање на кристалите. Сега откога кристалот е исчистен и не поседува никакви туѓи енергии, останува само да се наполни и тој ќе работи за вас. Го зимате кристалот во рака и пред да го оставите да се полни на сонце или месечина: Ќе си замислите желба (На пр: Сакам храброст). Но, не е доволна само желба! Треба да ја видите таа желба дека ви се случува во вашата имагинација. Ставете се во ситуација каде таа желба е остварена, замислете ги луѓето околу вас, местото, времето, нивните лица насмеани, и таа емоција што ќе ја добиете од самата помисла, од самата имагинација, пренесете му ја на кристалот и оставете го да се наполни на сонце или месечина, и верувале или не – тогаш кристалот станува ваш!

 

Види ги сите детали