Medea Crystals
Dendrite Agate Macrame Necklace
Dendrite Agate Macrame Necklace
Не може да се вчита достапноста за подигање.
За изработка на овој продукт како и за сите останати продукти е битно да се напомене дека Medea Crystals користи посебна умешност каде не се користат никакви додатоци: игли, лепила итн. Само конец и раце и ништо друго, а со тоа овозможува самиот продукт да не смета на кожата, да не гребе и да е пријатен при самото носење.
Dendrite Agate Macrame Necklace e rачно-изработен ѓердан со Макраме техника на плетење. Вметнатиот кристал се нарекува Дендритски Ахат.
Името „дендритски“ потекнува од грчкиот збор dendron (дрво) — поради карактеристичните гранчести, дрвовидни вклучоци што изгледаат како минијатурни пејзажи или дрвја во каменот.
💓 Како помага на физичко ниво?
- Го поддржува циркулаторниот систем и ја подобрува снабденоста на ткивата со кислород.
- Помага при регенерација на нервите и заздравување на физички повреди.
- Го зајакнува имунитетот и ја балансира телесната енергија.
- Се користи за смирување на нервозата, стресот и напнатоста во телото.
- Поттикнува стабилност и издржливост — помага телото да се прилагоди на промени..
🧠 Како помага на ментално ниво?
- Го поттикнува јасното размислување и трпеливоста при донесување одлуки.
- Помага во надминување на ментални блокади и стари обрасци.
- Внесува чувство на стабилност и смиреност во хаотични ситуации.
- Поттикнува креативно размислување и способност за решавање проблеми.
- Поддржува хармонија помеѓу логиката и интуицијата.
🙏 Како помага на духовно ниво?
- Симболизира поврзаност со природата и универзалниот животен циклус.
- Поттикнува духовен раст, прифаќање и разбирање на животните искуства.
- Помага при медитација за заземјување и центрирање на енергијата.
- Ја зајакнува интуицијата и чувството за единство со сè што постои.
- Го отвора патот за мир, хармонија и внатрешна рамнотежа.
💧 Како се чисти?
Го закопувате во земја (пр. во саксија) една ноќ бидејќи земјата е најдобриот прочистувач на енергијата. Потоа можете да го измиете со вода и по желба да запалите темјан. Ако е накит: слободно обвијте го продуктот во тоалетна хартија и закопајте го во земја и поминете го истиот процес.
☀️ Како се полни?
Ахатот се полни на сончева енергија 15 до 30 минути. Го ставате на некое место каде што продира зракот на сонцето.
🪬 Кога кристалот станува ваш?
Кристалите се природни. Кристалите како и се што е природно на планетата Земја има своја внатрешност и своја надворешност. Секој драгоцен камен има моќ да прима и испушта енергија. Додека не го исчистите и наполните кристалот, тој сушстински не е ваш! Многу е битно тоа да ви биде првата задача откога ќе го добиете.
Не е доволно само надворешно да се исчисти кристалот. Многу е важно освен физичка, да посветиме ментална и духовна енергија и да веруваме дека тој кристал ќе биде исчистен.
Ова е мојот омилен дел при програмирање на кристалите. Сега откога кристалот е исчистен и не поседува никакви ‘туѓи’ енергии, останува само да се наполни и тој ќе работи за вас. Го зимате кристалот во рака и пред да го оставите да се полни на сонце или месечина: Ќе си замислите желба (На пр: Сакам храброст). Но, не е доволна само желба! Треба да ја видите таа желба дека ви се случува во вашата имагинација. Ставете се во ситуација каде таа желба е остварена, замислете ги луѓето околу вас, местото, времето, нивните лица насмеани, и таа емоција што ќе ја добиете од самата помисла, од самата имагинација, пренесете му ја на кристалот и оставете го да се наполни на сонце или месечина, и верувале или не – тогаш кристалот станува ваш!
