1 од 5

Medea Crystals

Labradorite Macrame Necklace

Labradorite Macrame Necklace

Редовна цена ден 1,050.00 MKD
Редовна цена ден 1,500.00 MKD Продажна цена ден 1,050.00 MKD
Продажба Продадено
Количина

За изработка на овој продукт како и за сите останати продукти е битно да се напомене дека Medea Crystals користи посебна умешност каде не се користат никакви додатоци: игли, лепила итн. Само конец и раце и ништо друго, а со тоа овозможува самиот продукт да не смета на кожата, да не гребе и да е пријатен при самото носење.

Labradorite Macrame Necklace e rачно-изработен ѓердан со Макраме техника на плетење. Вметнатиот кристал нарекува Лабрадорит.

💓 Како помага на физичко ниво?

  • Помага во ослободување од замор и зголемување на енергија.
  • Поддржува природна заштита на телото и виталност.
  • Поттикнува чувството на леснотија и добар физички баланс.
  • Помага при стабилизирање на телесната отпорност и одржување на виталноста.
  • Може да го смирува телото при напнатост или стрес.

🧠 Како помага на ментално ниво?

  • Ја подобрува концентрацијата и фокусот.
  • Го смирува умот и ја намалува анксиозноста.
  • Поттикнува креативно размислување и инспирација.
  • Го зајакнува логичното и интуитивното размислување.
  • Помага да се ослободат негативни мисли и емоционални блокади.

🙏 Како помага на духовно ниво?

  • Го штити ауричниот простор од негативни влијанија.
  • Го поттикнува духовниот развој и интуицијата.
  • Ја зголемува свесноста и чувството на поврзаност со универзумот.
  • Помага при медитација и продлабочување на внатрешниот мир.
  • Поттикнува хармонија помеѓу различни видови енергија и ги балансира.

💧 Како се чисти?

Го закопувате во земја (пр. во саксија) една ноќ бидејќи земјата е најдобриот прочистувач на енергијата. Потоа можете да го измиете со вода и по желба да запалите темјан. Ако е накит: слободно обвијте го продуктот во тоалетна хартија и закопајте го во земја и поминете го истиот процес.

️ Како се полни?

Лабрадоритот се полни на сончева енергија 15 до 30 минути. Го ставате на некое место каде што продира зракот на сонцето.

🪬 Кога кристалот станува ваш?

Кристалите се природни. Кристалите како и се што е природно на планетата Земја има своја внатрешност и своја надворешност. Секој драгоцен камен има моќ да прима и испушта енергија. Додека не го исчистите и наполните кристалот, тој сушстински не е ваш! Многу е битно тоа да ви биде првата задача откога ќе го добиете.

Не е доволно само надворешно да се исчисти кристалот. Многу е важно освен физичка, да посветиме ментална и духовна енергија и да веруваме дека тој кристал ќе биде исчистен.

Ова е мојот омилен дел при програмирање на кристалите. Сега откога кристалот е исчистен и не поседува никакви туѓи енергии, останува само да се наполни и тој ќе работи за вас. Го зимате кристалот во рака и пред да го оставите да се полни на сонце или месечина: Ќе си замислите желба (На пр: Сакам храброст). Но, не е доволна само желба! Треба да ја видите таа желба дека ви се случува во вашата имагинација. Ставете се во ситуација каде таа желба е остварена, замислете ги луѓето околу вас, местото, времето, нивните лица насмеани, и таа емоција што ќе ја добиете од самата помисла, од самата имагинација, пренесете му ја на кристалот и оставете го да се наполни на сонце или месечина, и верувале или не – тогаш кристалот станува ваш!

 

Види ги сите детали