1 од 5

Medea Crystals

Malachite Macrame Necklace

Malachite Macrame Necklace

Редовна цена ден 2,999.00 MKD
Редовна цена ден 3,999.00 MKD Продажна цена ден 2,999.00 MKD
Продажба Продадено
Количина

За изработка на овој продукт како и за сите останати продукти е битно да се напомене дека Medea Crystals користи посебна умешност каде не се користат никакви додатоци: игли, лепила итн. Само конец и раце и ништо друго, а со тоа овозможува самиот продукт да не смета на кожата, да не гребе и да е пријатен при самото носење.

Malachite Macrame Necklace e rачно-изработен ѓердан со Макраме техника на плетење. Вметнатиот кристал се нарекува Малахит.

💓 Како помага на физичко ниво?

  • Поттикнува детоксикација на телото, особено на црниот дроб и имунолошкиот систем.
  • Помага при намалување на воспаленија и болки во зглобови и мускули.
  • Ја подобрува циркулацијата и се поврзува со здравјето на срцето.
  • Се смета дека ја ублажува менструалната болка и ја поддржува женската репродуктивна енергија.
  • Дејствува како заштитен камен од енергетски и електромагнетни влијанија.

🧠 Како помага на ментално ниво?

  • Помага при ослободување од стравови, трауми и потиснати емоции.
  • Поттикнува јасност во размислувањето и рационални одлуки во стресни ситуации.
  • Ја зголемува самодовербата и вербата во сопствените способности.
  • Охрабрува промени и трансформации, ослободува од стари ментални шаблони.
  • Поддржува внатрешна дисциплина и концентрација при учење или работа.

🙏 Како помага на духовно ниво?

  • Ја активира и прочистува срцевата чакра (Анахата), отворајќи ја кон љубов и сочувство.
  • Помага во поврзување со внатрешната вистина и автентичноста на душата.
  • Служи како камен на духовна трансформација, поттикнувајќи раст и будење.
  • Создава енергетски штит против негативни влијанија и духовна исцрпеност.
  • Поттикнува длабока интуиција и способност за препознавање на енергетски вибрации околу себе.

💧 Како се чисти?

Го закопувате во сува земја (пр. во саксија) една ноќ бидејќи земјата е најдобриот прочистувач на енергијата. Не треба да се допира со вода па затоа можете да запалите Пало Санто или Темјан. Ако е накит: слободно обвијте го продуктот во тоалетна хартија и закопајте го во земја и поминете го истиот процес.

⏾ Како се полни?

Малахитот се полни на лунарна енергија. Го ставате на некое место каде што продира зракот на месечината да отстои цела вечер.

🪬 Кога кристалот станува ваш?

Кристалите се природни. Кристалите како и се што е природно на планетата Земја има своја внатрешност и своја надворешност. Секој драгоцен камен има моќ да прима и испушта енергија. Додека не го исчистите и наполните кристалот, тој сушстински не е ваш! Многу е битно тоа да ви биде првата задача откога ќе го добиете.

Не е доволно само надворешно да се исчисти кристалот. Многу е важно освен физичка, да посветиме ментална и духовна енергија и да веруваме дека тој кристал ќе биде исчистен.

Ова е мојот омилен дел при програмирање на кристалите. Сега откога кристалот е исчистен и не поседува никакви туѓи енергии, останува само да се наполни и тој ќе работи за вас. Го зимате кристалот во рака и пред да го оставите да се полни на сонце или месечина: Ќе си замислите желба (На пр: Сакам храброст). Но, не е доволна само желба! Треба да ја видите таа желба дека ви се случува во вашата имагинација. Ставете се во ситуација каде таа желба е остварена, замислете ги луѓето околу вас, местото, времето, нивните лица насмеани, и таа емоција што ќе ја добиете од самата помисла, од самата имагинација, пренесете му ја на кристалот и оставете го да се наполни на сонце или месечина, и верувале или не – тогаш кристалот станува ваш!

 

 

 

Види ги сите детали