Medea Crystals
Moonstone Macrame Choker
Moonstone Macrame Choker
Не може да се вчита достапноста за подигање.
За изработка на овој продукт како и за сите останати продукти е битно да се напомене дека Medea Crystals користи посебна умешност каде не се користат никакви додатоци: игли, лепила итн. Само конец и раце и ништо друго, а со тоа овозможува самиот продукт да не смета на кожата, да не гребе и да е пријатен при самото носење.
Moonstone Macrame Choker e rачно-изработен чокер со Макраме техника на плетење. Вметнатиот кристал се нарекува Месечев Камен.
💓 Како помага на физичко ниво?
- Помага во зголемување на виталноста и енергијата.
- Подобрува квалитет на сон и релаксација на телото.
- Го смирува телото при замор или стрес.
- Поттикнува чувство на леснотија и удобност во телесните движења.
- Поддржува природна рамнотежа и хармонија на телото.
🧠 Како помага на ментално ниво?
- Намалува чувство на анксиозност и стрес.
- Ја поттикнува интуицијата и свесноста за сопствените чувства.
- Го поттикнува фокусот и концентрацијата.
- Помага при донесување мирни и рационални одлуки.
- Подобрува емоционална стабилност и смирување на умот.
🙏 Како помага на духовно ниво?
- Го поттикнува чувството на поврзаност со природата и вселената.
- Ја продлабочува медитацијата и духовните практики.
- Поттикнува хармонија помеѓу различни видови енергија.
- Помага во прочистување на енергетската аура и заштита од негативност.
- Ја зголемува интуицијата и внатрешната мудрост.
💧 Како се чисти?
Го закопувате во сува земја (пр. во саксија) една ноќ бидејќи земјата е најдобриот прочистувач на енергијата. Може да го измиете со вода па затоа и да запалите Пало Санто или Темјан. Ако е накит: слободно обвијте го продуктот во тоалетна хартија и закопајте го во земја и поминете го истиот процес.
⏾ Како се полни?
Месечев Камен се полни на лунарна енергија. Го ставате на некое место каде што продира зракот на месечината да отстои цела вечер.
🪬 Кога кристалот станува ваш?
Кристалите се природни. Кристалите како и се што е природно на планетата Земја има своја внатрешност и своја надворешност. Секој драгоцен камен има моќ да прима и испушта енергија. Додека не го исчистите и наполните кристалот, тој сушстински не е ваш! Многу е битно тоа да ви биде првата задача откога ќе го добиете.
Не е доволно само надворешно да се исчисти кристалот. Многу е важно освен физичка, да посветиме ментална и духовна енергија и да веруваме дека тој кристал ќе биде исчистен.
Ова е мојот омилен дел при програмирање на кристалите. Сега откога кристалот е исчистен и не поседува никакви ‘туѓи’ енергии, останува само да се наполни и тој ќе работи за вас. Го зимате кристалот во рака и пред да го оставите да се полни на сонце или месечина: Ќе си замислите желба (На пр: Сакам храброст). Но, не е доволна само желба! Треба да ја видите таа желба дека ви се случува во вашата имагинација. Ставете се во ситуација каде таа желба е остварена, замислете ги луѓето околу вас, местото, времето, нивните лица насмеани, и таа емоција што ќе ја добиете од самата помисла, од самата имагинација, пренесете му ја на кристалот и оставете го да се наполни на сонце или месечина, и верувале или не – тогаш кристалот станува ваш!
