Medea Crystals
Palo Santo (едно дрвце)
Palo Santo (едно дрвце)
Не може да се вчита достапноста за подигање.
Сте слушнале? Запознаени сте?
Medea Crystals со најновото духовно прочистување на нашите простори, од сега па натаму достапно за доброто на нашите луѓе!
🤔 Што е тоа Пало Санто? 👇
🌬 Шаманите и исцелителите, познати како Curanderos, традиционално ги користат енергизирачките и лековитите својства на Palo Santo за прочистување на воздухот, балансирање на енергијата во просторот и телото.
Буквалниот превод на Palo Santo е - Свето Дрво. Lignum Vitae - Дрво на Животот.
♨️ Дрвото исто така се користи за ублажување на симптомите на настинка, терапевтски во третирање на депресија, емоционална болка и разбистрување на менталниот аспект на битието.
🧘♀️Се верува дека аромата на Пало Санто е погодна за медитација, релаксација и покрај тоа ја подобрува креативноста и живоста во искусување на работите.
🤔 Интересно за него е тоа што овие бенефиции ги има само доколку дрвото природно умре и остане да се разградува на земјата од 5 до 8 години . Овој процес им дозволува на маслата внатре во дрвото да созреат целосно пред да биде соберено и процесирсно во масло или исечкано на мали стапчиња.
⚪️ Фокусни точки на кои Пало Санто инстантно работи кога ќе се запали :
🌬 Умот
🌬 Срцето
🌬 Енергетcко тело
🌬 Витална енергија
🍵Чај од Пало Санто
Ова дрво исто така може да се конзумира орално, односно како чај. Има многу релаксирачки ефект, делува на имуниот систем, респирaторниот систем и ја смирува тензијата и стресот кој го собираме секојдневно во желудникот.
❤️ За наша среќа, Пало Санто најде пат да дојде до нас и да ни ја пренесе магијата на Амазонија. На нас само останува да се заблагодариме на природата и уживаме во изобилието кое ни го нуди. ❤️
✨Tierra, mi cuerpo✨
✨Agua, mi sangre✨
✨Aire, mi aliento✨
✨Y fuego, mi espíritu…✨
