Medea Crystals
Purpurite Macrame Choker
Purpurite Macrame Choker
Не може да се вчита достапноста за подигање.
За изработка на овој продукт како и за сите останати продукти е битно да се напомене дека Medea Crystals користи посебна умешност каде не се користат никакви додатоци: игли, лепила итн. Само конец и раце и ништо друго, а со тоа овозможува самиот продукт да не смета на кожата, да не гребе и да е пријатен при самото носење.
Purpurite Macrame Choker e rачно-изработен чокер со Макраме техника на плетење. Вметнатиот кристал се нарекува Пурпурит.
💓 Како помага на физичко ниво?
- Поттикнува енергетска рамнотежа и виталност во телото
- Помага во прочистување на крвта и поддршка на циркулацијата
- Ја зголемува издржливоста и физичката сила
- Поддржува побрзо заздравување од замор и физички стрес
- Делува како заштита од негативни енергии што влијаат на телото
🧠 Како помага на ментално ниво?
- Го поттикнува јасното размислување и концентрацијата
- Помага да се надмине збунетост и ментална магла
- Го зајакнува чувството на самодоверба при донесување одлуки
- Поддржува духовен раст и свесност за сопствената вистинска природа
- Поттикнува инспирација и креативно размислување
🙏 Како помага на духовно ниво?
- Помага во ослободување од стравови и потиснати емоции
- Ја смирува емоционалната напнатост и анксиозност
- Поттикнува чувство на слобода и самоизразување
- Го поддржува прифаќањето на личните промени со спокојство
- Ја зголемува внатрешната сила и довербата во сопствените чувства
💧 Како се чисти?
Го закопувате во сува земја (пр. во саксија) една ноќ бидејќи земјата е најдобриот прочистувач на енергијата. Не треба да се допира со вода па затоа можете да запалите Пало Санто или Темјан. Ако е накит: слободно обвијте го продуктот во тоалетна хартија и закопајте го во земја и поминете го истиот процес.
☀️ Како се полни?
Пурпурит се полни на сончева енергија 15 до 30 минути. Го ставате на некое место каде што продира зракот на сонцето.
🪬 Кога кристалот станува ваш?
Кристалите се природни. Кристалите како и се што е природно на планетата Земја има своја внатрешност и своја надворешност. Секој драгоцен камен има моќ да прима и испушта енергија. Додека не го исчистите и наполните кристалот, тој сушстински не е ваш! Многу е битно тоа да ви биде првата задача откога ќе го добиете.
Не е доволно само надворешно да се исчисти кристалот. Многу е важно освен физичка, да посветиме ментална и духовна енергија и да веруваме дека тој кристал ќе биде исчистен.
Ова е мојот омилен дел при програмирање на кристалите. Сега откога кристалот е исчистен и не поседува никакви ‘туѓи’ енергии, останува само да се наполни и тој ќе работи за вас. Го зимате кристалот во рака и пред да го оставите да се полни на сонце или месечина: Ќе си замислите желба (На пр: Сакам храброст). Но, не е доволна само желба! Треба да ја видите таа желба дека ви се случува во вашата имагинација. Ставете се во ситуација каде таа желба е остварена, замислете ги луѓето околу вас, местото, времето, нивните лица насмеани, и таа емоција што ќе ја добиете од самата помисла, од самата имагинација, пренесете му ја на кристалот и оставете го да се наполни на сонце или месечина, и верувале или не – тогаш кристалот станува ваш!
