1 од 8

Medea Crystals

Sunstone Macrame Choker

Sunstone Macrame Choker

Редовна цена ден 2,960.00 MKD
Редовна цена Продажна цена ден 2,960.00 MKD
Продажба Продадено
Количина

За изработка на овој продукт како и за сите останати продукти е битно да се напомене дека Medea Crystals користи посебна умешност каде не се користат никакви додатоци: игли, лепила итн. Само конец и раце и ништо друго, а со тоа овозможува самиот продукт да не смета на кожата, да не гребе и да е пријатен при самото носење.

Sunstone Macrame Choker e rачно-изработен чокер со Макраме техника на плетење. Вметнатиот кристал се нарекува Сончев Камен.

💓 Како помага на физичко ниво?

  • Го поттикнува протокот на енергија низ телото и ја зголемува виталноста
  • Помага при замор, хронична исцрпеност и недостаток на мотивација
  • Поддржува здравје на дигестивниот систем и метаболизмот
  • Ја стимулира саморегенерацијата на клетките и заздравувањето
  • Го балансира хормоналниот систем и ја подобрува општата физичка издржливост

🧠 Како помага на ментално ниво?

  • Поттикнува позитивно размислување и оптимизам
  • Помага да се надминат стравови и самосомневање
  • Ја зголемува менталната енергија, креативноста и ентузијазмот
  • Поддржува јасност при носење одлуки и поставување цели
  • Помага во создавање ментален баланс меѓу логика и инспирација

🙏 Како помага на духовно ниво?

  • Го зајакнува чувството на поврзаност со изворот на светлина и животна радост
  • Поттикнува ослободување од старите енергии и прифаќање на личната сила
  • Ја активира соларната чакра, носејќи самодоверба и светлина во духот
  • Поддржува манифестација на личната вистина и автентичност
  • Помага во поврзување со енергијата на сонцето, оптимизмот и духовното будење

💧 Како се чисти?

Го закопувате во земја (пр. во саксија) една ноќ бидејќи земјата е најдобриот прочистувач на енергијата. Потоа можете да го измиете со вода и по желба да запалите темјан. Ако е накит: слободно обвијте го продуктот во тоалетна хартија и закопајте го во земја и поминете го истиот процес.

️ Како се полни?

Сончевиот камен се полни на сончева енергија 15 до 30 минути. Го ставате на некое место каде што продира зракот на сонцето.

🪬 Кога кристалот станува ваш?

Кристалите се природни. Кристалите како и се што е природно на планетата Земја има своја внатрешност и своја надворешност. Секој драгоцен камен има моќ да прима и испушта енергија. Додека не го исчистите и наполните кристалот, тој сушстински не е ваш! Многу е битно тоа да ви биде првата задача откога ќе го добиете.

Не е доволно само надворешно да се исчисти кристалот. Многу е важно освен физичка, да посветиме ментална и духовна енергија и да веруваме дека тој кристал ќе биде исчистен.

Ова е мојот омилен дел при програмирање на кристалите. Сега откога кристалот е исчистен и не поседува никакви туѓи енергии, останува само да се наполни и тој ќе работи за вас. Го зимате кристалот во рака и пред да го оставите да се полни на сонце или месечина: Ќе си замислите желба (На пр: Сакам храброст). Но, не е доволна само желба! Треба да ја видите таа желба дека ви се случува во вашата имагинација. Ставете се во ситуација каде таа желба е остварена, замислете ги луѓето околу вас, местото, времето, нивните лица насмеани, и таа емоција што ќе ја добиете од самата помисла, од самата имагинација, пренесете му ја на кристалот и оставете го да се наполни на сонце или месечина, и верувале или не – тогаш кристалот станува ваш!

 

 

Види ги сите детали